Важни играчи се враќаат во тимот на Гвардиола за гостувањето на „Бернабеу“

Рубен Дијаш, Нејтан Аке и Џек Грилиш, кои ја пропуштија победата над Њукасл викендов, се вратија на последниот тренинг на Манчестер сити пред утрешното клучно гостување против Реал Мадрид во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите.

На денешниот тренинг учествуваше и голгетерот Ерлинг Халанд, кој во последните моменти од натпреварот со Њукасл се фати за коленото и доби медицинска помош.

Дијаш не беше целосно подготвен за дуелот викендов, па Гвардиола не сакаше да ризикува со негов ангажман, Аке беше болен, а Грилиш се повреди за време на првиот меч со Реал на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести