Важно е да ја победиме Швајцарија, така си го олеснуваме патот до СП 2025

Победа над Швајцарија изразена со два или повеќе гола разлика за македонската репрезентација ќе значи многу затоа што тоа би ни донело полесен противник во баражот за Светското првенство 2025.

Во ситуација кога и самиот пласман на големите натпреварувања е успех за македонскиот национален тим, важно е да се продолжи со континуитетот на настапи на ЕП и СП. Следен голем настан е СП, кое следниот јануари се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

За да биде Македонија учесник на тој настан, ќе треба да минеме и еден бараж. За да бидеме носители при ждрепката за тој бараж, потребна е победа над Швајцарија барем од два гола разлика или минимална победа од еден разлика, но да постигнеме 24 или повеќе голови.

Затоа вечер одиме на победа, иако фаворитската улога ја има Швајцарија. Пораз или реми ја носат Македонија во понеповолна ситуација и така би имале потежок пат до СП 2025.

- Оглас -

Најнови вести