Важно е да се игра, макар и пријателски меч – Адеми се врати на терен по пауза од два и пол месеци

Аријан Адеми конечно одигра меч, макар и пријателски и од затворен карактер, по пауза од два и пол месеци, а капитенот на Динамо Загреб ги предводеше соиграчите до победа од 2:1 против Осиек.

Македонскиот репрезентативец беше стартер и остана на теренот на „Максимир“ до 70. минута кога беше заменет. Тест мечот со Осиек го означи и дебито на новуиот тренер на Динамо, Игор Јовичевиќ, кој го замени Ненад Бјелица во периодот на кризата со Коронавирус.

Адеми и соиграчите се подготвуваат за продолжението на сезоната во популарната ХНЛ, а се очекува рестартот да биде кон крајот на мај.

Ако се добие „зелено светло“ од Цивилната заштита, фудбал во Хрватска ќе има на 30. мај кога треба да се играат двата меча од полуфиналето на Купот. Првенството треба да продолжи на на 6 јуни. Сите мечеви би се играле без присуство на публика. Финалето на Купот е закажано на 1 август.

Динамо е лидер во првенството со 65 бода, цели 18 повеќе од Риека, а потоа следат Локомотива со 46, Хајдук со 45 и Осиек со 42, како најсериозни кандидати за настап во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести