Важно е да се вртат парите – Нејмар се враќа во Барселона, Кутињо и 100 милиони евра се за ПСЖ

Барселона притиска да го врати Нејмар во своите редови, а понудата до Пари Сен Жермен е на „Паркот на принцовите“ да пристигне Кутињо и плус 100 милиони евра.

Лионел Меси е главниот фактор за притисокот на Барса да се обиде да го врати Нејмар на „Камп ноу“, а операцијата веќе е во тек, или како што објави каталонски „Спорт“, преговорите меѓу двата клуба се во подмината фаза.

Во август 2017 година Барселона му го продаде Нејмар на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, што сè уште е непробојна граница за трансфер на фудбалер во историјата на играта.

Бразилецот играше за Барса од 2013 година, кога пристигна како еден од најголемите таленти од Сантос и за каталонскиот клуб одигра 123 натпревари со 68 постигнати голови.

ПСЖ сака да го продаде Нејмар бидејќи тој не е ниту сенка од блескавиот бразилски ас од ерата кога играше за Барса, па сега веројатно прашањето е само во кој правец ќе замине 27-годишниот офанзивец бидејќи за него е заинтересиран и Реал Мадрид.

Ниту Кутињо не се снајде најдoбро во Барселона и не е ниту сенка од играчот што одлично ги бранеше боите на Ливерпул. За него Барса плати 110 милиони евра, со дополнителни клаузули што можеа да ја качат цената на трансферот до цели 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести