23.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Важно известување од РК Вардар пред мечот со Веспрем

Сите посетители на ракометниот натпревар помеѓу Вардар и Веспрем од ЕХФ Лигата на шампионите, кој е закажан за в недела, 1 декември, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, при влез во салата ќе мора да покажат ПЛАСТИФИЦИРАН СЕЗОНСКИ билет, или поединечен билет за тој натпревар.

Од клубот велат дека нема да биде дозволен влез со ХАРТИЕН А4 ВАУЧЕР ЗА СЕЗОНСКИ БИЛЕТ.

„Доколку поседувате ваков хартиен ваучер, истиот ќе морате да го смените со пластифициран сезонски билет, што можете да го добиете на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Во спротивно нема да ви биде дозволен влез во салата. Ова се однесува само за сезонските билети кои се купени пред почетокот на сезоната. Работното време на билетарницата е секој работен ден од 10 до 18 часот“ – објаснуваат од Вардар.

- Оглас -

Најнови вести