ВБА се повампири, на два меча даде 8 гола, а ни ВАР не му може ништо (Фото)

Вест Бромич албион го надигра Саутхемптон со 3-0 и покажа дека победата од 5-2 против Челзи во минатото коло не е случајност, туку дека се во одлична голгетерска форма. Веројатно ова е задоцнето, имаат осум бода помалку од Њукасл, кој е прв над линијата за испаѓање, но има уште седум кола и секакви чуда се можни, особено ако ВБА продолжи да гази.

ВБА досега сезонава победуваше само во саботите, а ова им е прва понеделничка радост по 18 меча без триумф во другите денови. ВБА одеднаш почна да игра ефикасно, на последните два меча даде вкупно осум гола и тоа е неверојатен податок ако се знае дека пред тоа на 11 меча имаа вкупно само 6 погодоци. Во судиското продолжение гостите имаа прилика да го ублажат поразот, но Џејмс Ворд Праус утна пенал.

На почетокот на мечот имаше контроверзна одлука на ВАР бидејќи ВБА даде гол, кој беше поништен поради наводен офсајд. На снимките се гледа дека Дијањ, кој е стрелец на голот и има жолти копачки, не е во офсајд. Во мал офсајд е неговиот клупски колега Бартли, но тој не ја допре топката.

Еве од уште еден агол од кој убаво се гледа дека играчот на ВБА со дрес со број 17 кој даде гол не е во офсајд.

- Оглас -

Најнови вести