Вчерашните три меча од Квоти на ден во понудата на Sport Life беа добитни. Сите три понудени комбинации од мечевите на Европското првенство се покажаа како точни, па затоа и добитен беше вкупниот коефициент од 11.13. Кој препишал, добил.
И денешната понуда во Квоти на денот е фокусирана на трите средби од континенталниот собир, а вкупниот коефициент на трите меча е 8.15. Прва на понудата е Шведска – Словачка, меч на кој Швеѓаните реално не треба да загубат, а треба да има барем два погодоци, за да биде добитна квотата од 1.85.
Хрватска и Чешка играат во меч на кој притисокот е врз Коцкестите. Чешка веќе има три бода од победата над Шкотска, додека Хрватите загубија од Англија на стартот. Денеска би требало да има барем по еден гол во двете полувремиња, а квотата е 2.10.
Во вечерниот термин се игра големото дерби меѓу Англија и Шкотска, а Гордиот албион ја има фаворитската улога. Понудата е Англија да даде барем еден гол во првото полувреме, а на крајот од мечот да има постигнато минимум два погодоци за да биде исплатлив коефициентот 2.10.