Вчерашниот ден сабота, 27-ми септември, ќе остане запаметен во историјата на англиската Премиер лигата затоа што беше поставен рекорд: дури 8 голови беа постигнати во 90-тата минута или подоцна.
Рекордот е благодарение на Брентфорд (против Манчестер јунајтед), Кристал Палас (против Ливерпул), Борнмут (против Лидс), Манчестер сити (погодија двапати против Барнли), Брајтон (истотака два гола по 90-та минута против Челзи) и Тотенхем (против Вулверхемптон).
Денот беше посебен и поради тоа што првпат посл 31 години и 164 дена се случи во ист ден порази да претрпат трите гиганти Ливерпул, Челзи и Манчестер јунајтед.