Дејвид Гудвили имаше краток престој од неколку дена во англискиот седмолигаш Редклиф во еден од најбизарните трансфери и случаи во фудбалот во последно време.
Осуден за силување на жена во 2011 година, а казнет парично во 2017 година со 100.000 фунти за тој чин, Гудвили не е посакуван фудбалер за било било тим, но некако успеа да се договори со раководството на Редклиф.
Вчера дури и дебитираше за новиот тим и постигна хет-трик во победата од 4:2 против Белпер таун, а денеска доби отказ.
Раководството на Редклиф со соопштение се обиде да ја објасни работата и дека имале чесна намера да му дадат втора шанса на фудбалерот, кој од судот во Шкотска пред шест години беше означен како силувач, но потоа објавија дека се разделиле со него.
Голема улога имаше и притисокот од јавноста во Англија, а се бараше Гудвили да биде отпуштен од клубот, по што реагираше и Управата на Редклиф и се раздели со фудбалерот.
Претходно под притисок на навивачите на шкотски Рејт Роверс, Гудвили ја доживеа истата судбина и мораше да си замине по осуммесечен престој во клубот.