Навивачите на Арис со палење на факели им дадоа ветер во грб на фудбалерите на овој тим во градското солунско дерби против ПАОК, и Воините го совладаа актуелниот грчки првак со 4-2. За ПАОК, тоа беше прва лигашка загуба после серија од 51 меча без пораз.
Факелите кои ги палеше 12-тиот играч на Арис, и чадот кој се создаде, му помогнаа на Арис да му го нанесе првиот пораз на ПАОК од март 2018 наваму. На овој пораз му се израдуваа и во Олимпијакос, кој вечерва на свој терен го игра големото атинско дерби против Панатинаикос. Ако победи Олиммпијакос, ќе го преземе првото место.
Нема сомневање дека и во Пиреја ќе биде жешко како во Солун. Погледнете дел од атмосферата на вчерашниот дуел во вториот град по големина кај нашиот јужен сосед: