Вчера Манчестер и Реал ги изненадија обложувачите, денеска е ден за вадење

Борнмут – Манчестер сити (15.00 часот)

Домашните ќе се обидат да го запрат налетот на првакот Сити, и да му направат услуга на Ливерпул, но иако Борнмут добро ја почна сезоната, тешко дека ќе остане непоразен. Сити во минатото коло испушти победа против Тотенхем и сега не би смеел да си дозволи нова грешка, па затоа уште во првото полувреме ќе се обиде да создаде предност и да го контролира мечот. Кога се среќавале во премиерлигата, секогаш победувал Сити.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 2-2 & 2+II (2.70)

 

Удинезе – Милан (20.30 часот)

Несторовски и другарите ќе се обидат да го победат големиот гостин, и триумфално да ја стартуваат новата сезона. Милан ќе биде без Калдера и Тео Ернандес. Дуелите на овие два тима во Удине, традиционално носат неизвесност. Во минатата сезона Милан победи со 1-0, а пред тоа беше 1-1, 2-1, 2-3, 2-1, итн. Цели 13 години не се случило некој да победи со два или повеќе гола разлика.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Х2 & 2-4 (2.20)

 

Барселона – Бетис (21.00 часот)

Каталонците не успеаја да дадат гол против Билбао во првото коло, а сега имаа повеќе време да се подготват и да се навикнат да играат без Меси, Суарес и Дембеле. Тука би требало да има многу голови, а треба да потсетиме и дека Бетис во минатата сезона славеше на „Камп ноу“. Барса од 2 февруари наваму, ги доби сите лигашки мечеви на свој терен. Од последните 10 гостувања кај Барселона, на девет Бетис прими три или повеќе голови. Олеснителна околност му е што сега ќе го нема Меси.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т1 1+I & T1 3+ (2.50)

 

Тотенхем – Њукасл (17.30 часот)

Некогаш дуелите на овие два тима беа синоним за ефикасност и многу голови, па неутралните веруваат дека ќе се повторат старите времиња. Тотенхем има амбиција да ги загрози Ливерпул и Сити во трка за титулата, а Њукасл мисли само на тоа како да се спаси од испаѓање. Можеби победата на Тотенхем нема да биде многу убедлива, но ќе ја има.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)

 

Рома – Џенова (20.45 часот)

Ова е еден од поинтересните мечеви на стартот од сезоната во Серија А. Римската волчица атакува на места кои водат во ЛШ, а за Џенова најдобро би било да се намести во златната средина, без да стравува за опстанокот. Пандев кој играше на Олимпико во дресот на Лацио и добро го познава теренот, веројатно нема да биде стартер и ќе чека шанса од клупата. Рома ги доби последните 12 домашни мечеви против Џенова.

Предлог тип: 1 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести