Вчера му даде три гола на Манчестер јунајтед, а денеска доби понуда да потпише нов договор

Манчестер сити вчера го декласира Манчестер јунајтед со 6-3 во дербито на деветтото коло во Премиер лигата, и тоа благодарение на Фил Фоден и Ерлинг Халанд, кои дадоа по три гола.

Еден ден подоцна, челниците на Сити одлучија да му понудат нов договор на Фоден со многу подобри услови од актуелниот.

Според англиските медиуми, доколку стави параф на новиот договор, Фоден би заработувал 240.000 фунти неделно.

Актуелниот договор на одличниот играч од средниот ред истекува во 2024 година, но менаџерот Пеп Гвардиола ја убедил управата уште сега да му понуди продолжување на договорот, со кој би се обврзал на „Етихад“ да остане до 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести