Никој не би имал против ако се повтори вчерашното сценарио од Лигата на шампионите и да има победник и 3+ голови на сите четири натпревари.
Синоќа на сите четири меча паднаа три или повеќе голови, а и секаде имаше победник, ниту една средба не заврши нерешено. Ако верувате во комбинација „мост“ (да не биде нерешено туку да има победник без разлика дали домашните или гостите) и 3+ голови, за четирите меча заедно во Sport Life ќе добиете вкупна квота од 14.72.
Според квотите за конечен тип, на три меча фаворити се гостите, а на еден меч поголеми шанси за победа му се даваат на домаќинот. Ако излезе според посакувањата на фаворитите на хартија, ќе има реприза на вчерашните двобои, на кои имаше една домашна и три гостински победи.