Вчера објави дека му се враќа на тенисот и веднаш доби вајл-карта за настап на САД Опен

Каролина Вознијацки неполни 24 часа откако објави дека по тригодишна пауза, му се враќа на тенисот, доби можност да настапи на последниот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на САД.

Организаторот на САД Опен, на својот официјален профил на Твитер објави дека поранешната светска тенисерка број 1, ќе добие специјална покана за настап.

Каролина Вознијацки во кариерата има една гренслем-титула, таа во Австралија 2018 година, а двапати играше во финалето на САД Опен, во 2009 и 2014 година и беше поразена од Ким Клајстерс и Серена Вилијамс.

Вознијацки во 2020 година замина во пензија, со сопругот Дејвид Ли, кој е поранешен НБА-кошаркар, имаат две деца, ќерката Оливија и синот Џејмс, а вчера објави дека му се враќа на тенисот.

 

- Оглас -

Најнови вести