Вчера се шетав покрај крави, а денес стојам пред најдобрите играчи во светот

Новиот предводник на Барселона Кике Сетјен, во убаво расположение ја одржа првата прес-конференција како тренер на шпанскиот првак. Токму од него доаѓа најинтересната изјава која ќе ја слушнете за денес.

„Вчера шетав покрај крави низ мојот роден град, а денес се наоѓам во спортскиот комплекс на Барселона покрај најдобрите играчи на светот“, изјави Сетјен, а потоа додаде: „Едно нешто можам да гарантирам, бидејќи такво ветување давам при секој ангажман. Ќе се стремиме да играме атрактивен фудбал кој воедно ќе носи резултати“, заврши новиот предводник на Каталонците.

Сетјен вчера навечер го презеде кормилотo од Ернесто Валверде oткако потпиша две и полгодишен договор. Претходно денес Сетјен го одржа првиот тренинг, а на клупата ќе дебитира пред домашните навивачи при закажаниот дуел во недела против Гранада.

 

- Оглас -

Најнови вести