23.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Вчерашните совети погодени пет од пет, вкупната квота ќе ви донесеше супер добивка

Традиционално дневната понуда во типстерски совети вчера беше максимално прецизна и точна. Сите пет понудени мечеви и комбинации беа погодени. Вкупниот коефициент за сите пет понудени комбинации беше 37.26.

Изборот беше на пет дуели од европските квалификации за пласман на Мундијалот. Македонија со 5:0 славеше над Лихтенштајн па лесно беше погодена комбинацијата за 4+.

Полска со 3:1 ја победи Финска и тука беше погодена победата на домаќините и тоа дека Полјаците ќе постигнат најмалку два гола.

Белгија со 6:0 го прегази Казахстан, а домаќините на полувреме водеа со 2:0, па без проблем беше погодена комбинацијата 1-1&4+.

Германија малку требаше да се помачи против Сверна Ирска, но на крајот победи со 3:1, откако на полувреме беше 1:1. Тука комбинацијата беше Германија да даде најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот Панцерите да се израдуваат на 3+ погодоци.

Последниот погоден пар беше Луксембург – Словачка. Гостите победија минимално со 0:1 и тоа со гол во 90 минута, но тоа беше доволно да се погоди „двојката“ и дека ќе има гол во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести