Вчерашните тренинзи покажаа дека Ферстапен може и да не ја освои пол-позицијата на последната трка сезонава

Возачот на Ферари, Шарл Леклер имаше најбрзо време (1:24.809 минута) на вчерашниот втор тренинг на патеката во Абу Даби, каде викендов ќе се вози последната трка од оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Сезонава ќе се памти по неверојатната доминација на Макс Ферстапен, кој секако и сега е голем фаворит. но сепак очигледно е дека ќе има посилна конкуренција. Ферстапен имаше дури трето најдобро време на вчерашниот тренинг, а освен Леклер, пред него беше и Ландо Норис од Мекларен кој извозе со време од 1:24.852 минута. Најбрзото време на Ферстапен беше 1:24.982 минута.

Токму затоа и во понудата на Sport Life, Леклер и Норис се единствените двајца возачи кои се сметаат како конкуренти во денешните квалификации.

- Оглас -

Најнови вести