Вдовицата на Коби Брајант ќе добие речиси 30 милиони долари поради фотографијата на мртвото тело на легендарниот кошаркар

Ванеса Брајант и нејзините три ќерки ќе добијат 28,85 милини долари оштета од округот Лос Анџелес поради фотографиите на кое се гледа телото на легендарниот Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа. Фотографиите ги снимиле дел од полицајците и пожарникарите кои пристигнале први на местото на несреќата која се случи пред три години.

Вдовицата на Коби веќе доби 15 милиони долари, а по конечното договарање, износот е речиси удвоен. Ванеса заедно со семејствата на останатите седуммина патници кои беа во хеликоптерот од претходно се договорија со фирмата чиј хеликоптер се сруши, а Крис Честер, кој во несреќата ги загуби сопругата и ќерката, во посебна тужба против округот Лос Анџелес заработи 20 милиони долари.

Оштета за трагедијата добија и останатите семејства, па кога ќе се собере целата сума, округот Лос Анџелес има исплатено повеќе од 50 милиони долари поради скандалот што се појави по несреќата.

 

- Оглас -

Најнови вести