Остануваат уште само неколку часа до официјалниот почеток на новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Првиот меч започнува во 15 часот, а тоа значи дека до тогаш ќе може да ги пополнувате вашите типови.
Она што е интересно за ова коло е фактот дека ќе биде отворено со вечното македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар, а во исто време, 15 часот, ќе започне и мечот од италијанската Серија А, помеѓу Венеција и Болоња.
Токму а мечот во Битола има најголем процент за нерешено, нешто над 50, додека играчите се поделени во размислувањата ако се бира кој би победил. 25.7% предност му даваат на Пелистер, додека 23.5% веруваат во победа на Вардар.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.