Вечер играат најнеефикасните тимови во Англија и Шпанија, а во Италија тим кој не знае за реми

5120 Ал Аин – Ал Хилал (18.00 часот)

Во овој дуел од азиската Лига на шампиони можно е враќање на Нејмар на терените по долга пауза од една година. Ал-Хилал е голем фаворит, нивен главен адут е напаѓачот Митровиќ, но во минатата сезона токму Ал-Аин го елиминира саудискиот првак и сега Ал-Хилал ќе има големи мотиви за реванш и одмазда против тимот од Обединетите Арапски Емирати предводен од тренерот Ернан Креспо. Ал-Аин сезонава не ја почна добро, во првите две кола освои само еден бод, додека Ал-Хилал ги доби двата меча и даде вкупно 8 гола.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.76)

 

1452 Албасете – Бургос (20.30 часот)

Ова е пресметка на два шпански второлигаши кои се во криза и веќе три кола по ред немаат победа, последната радост им беше точно пред еден месец. Бургос има три бода повеќе од 16-тиот на табелата, Албасете, а до пред две кола, Бургос беше во групата на екипи кои се борат за влез во првата Ла Лига. Албасете сезонава дома има само една победа, а Бургос на гости има само еден пораз. Традицијата вели дека кога овие два тима играат меѓу себе, никогаш не победил тој што бил во улога на гостин.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

3010 Верона – Монца (20.45 часот)

Верона е единствен тим во Серија А кој по седум кола нема ниту еден нерешен резултат, а Монца е единствена во италијанската лига без победа во воведните седум кола, па претпоследна е на табелата. Мечевите на Монца претежно се неефикасни, овој тим во седум кола има постигнато само 5 гола, а одбраната не им е лоша, примија 9 голови. Во минатата сезона Монца победи во Верона со 3-1 и тоа треба да биде мотив плус за двата тима.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.07)

 

1010 Нотингам ф. – Кристал палас (21.00 часот)

Лондонскиот тим е најнеефикасен тим во Премиер лигата само со пет погодоци на седум меча, а тие се и една од четирите екипи во англиското првенство кои не знаат за победа сезонава. Ова е дуел на два неефикасни тима, Нотингам даде 7 на 7 меча, што е скромен просек од еден гол по натпревар, Форест ја има и втората најцврста одбрана во лигата, само Ливерпул примил помалку голови. Двата тима често играат нерешено сезонава, а и последните три меѓусебни пресметки им беа реми со 0-2 гола.

Предлог тип: Х било кога (1.73)

 

1310 Валенсија – Лас Палмас (21.00 часот)

Валенсија е едно од најголемите имиња во шпанската лига, но тимот сезонава е во резултатска криза, па средбата со Лас Палмас е меч на претпоследниот и последниот на табелата. Лилјаците имаат прескромни за нив 6, а гостите само три бода по девет кола. Валенсија има проблем со нападот, постигнаа само 5 гола во девет кола, па тие се најнеефикасен тим во Ла Лига. Лас Палмас не знае за победа сезонава. Островјаните пред осум години последен пат победиле на „Месталја“, а сезонава на сите гостувања губеа и примаа барем по два гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести