Вечер може да се добијат првите осминафиналисти во ЛШ, кому што му треба за влез меѓу 16-те?

Некои од осумте натпревари од фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе донесат дополнителна возбуда за гледачите затоа што може на две кола до крајот на групната фаза да се дознаат некои од осминафиналистите во елитното клупско натпреварување.

Во групата Е, Баерн Минхен ќе обезбеди осминафинале ако не загуби дома од Бенфика, а Баварците може да го осигураат и првото место во групата. За тоа ќе им треба победа и Барселона да не освои три бода против Динамо во Киев. Украинскиот првак ако загуби од Барса и Бенфика не загуби од Баерн, ги губи шансите за првите две места.

Во групата Ф, каде што се Манчестер јунајтед, Аталанта, Вилјареал и Јанг бојс, сите опции се отворени и вечерва во четвртото коло нема ништо да биде одлучено.

Во групата Г, Салцбург може да осигури осминафинале ако победи против Волфсбург.

Во групата Х, Јувентус е тимот кој е на прагот на осминафиналето, а влезот во топ 16 ќе го има доколку вечерва освои барем еден бод против Зенит. Во оваа група, Малме со пораз од Челзи или реми би ги загубил шансите за осминафинале, но ќе има теоретски шанси за продолжување во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести