Барселона доста се намачи да ги освои бодовите на гостувањето кај Бетис, па Каталонците триумфираа со 3-2 иако во два наврати беа во резултатска негатива. Домаќините поведоа во шестата минута со пеналот кој го реализира Каналес, а го направи Ленгле, кому топката му удри во рака додека беше во шестнаесетникот.
Само три минути подоцна, Де Јонг ја врати неизвесноста и погоди за 1-1 по одличното проигрување од Меси, но сепак Бетис дојде до ново водство со погодокот на Фекир во 26-тата минута. Иако се чинеше дека домаќините ќе одат на паузата со резултатска предност, Бускетс стрелаше за 2-2 во исчекување на дополнителна драма.
Ленгле се „извади“ за направениот пенал од првиот дел најавувајќи го пресвртот на Каталонците во 72-рата минута, а во остатокот од мечот главната улога на средбата ја имаше судијата Санчес, кој им покажа црвен картон на стрелците Фекир и Ленгле.
Барселона со оваа победа повторно заостанува со три бода во однос на лидерот Реал Мадрид со 49 бода, додека Бетис стои на 13-тото место со 28 бода.
https://twitter.com/MsBarcaOfficial/status/1226610596696776713
https://twitter.com/TUTVSTORE/status/1226621630442561541