Вечер се доделува Златната топка, разликата меѓу Меси и Халанд била мала

Вечерва во Париз ќе се додели Златната топка на магазинот „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер во периодот од ноември 2022 до август 2023.

Сите најави се дека освојувач ќе биде Лионел Меси, кому тоа би му било осма Златна топка во кариерата. Венсан Гарсија, кој е главен уредник на магазинот што ја доделува наградата, рече дека годинава трката била многу тесна.

Меси лани во декември беше предводник на Аргентина до титулата на Светското првенство, па иако имаше скромна клупска сезона, тоа му беше доволно да добие предност пред Ерлинг Халанд, кој имаше беспрекорна клупска сезона и постави рекорд по број на голови во една сезона во Премиер лигата, која е најсилна на светот.

Во гласањето за Златна топка учествуваат новинари од 100 држави, а Родри од Манчестер сити смета дека некој како него не може да ја освои наградата, дури и ако ја заслужи на терен.

„Мислам дека ќе победи Меси. Тоа е индивидуална награда во која важен е маркетингот. Јас ја немам потребната ПР машинерија. Ја немаа ни Чави и Иниеста“, рече Шпанецот Родри, кој заедно со Халанд беа најзаслужни за успесите на Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести