Вечер во Мадрид се испишува историја на ЛШ, првпат ќе се игра меч со затворен покрив на стадионот!

УЕФА му даде зелено светло на Реал Мадрид натпреварот со РБ Лајпциг да се игра со затворен покрив, и тоа е историски момент бидејќи за првпат еден натпревар од европските купови ќе се игра во таков амбиент.

На дуелите од Лигата на шампионите, УЕФА е таа која го има последниот збор и потребна е дозвола, која беше дадена денеска претпладне.

На состанокот на УЕФА беше договорено и тревата да се полева по загревањето и на полувремето. На полниот „Сантијаго Бернабеу“ ќе има 76.000 фанови на Реал и 4.250 Германци кои ќе го бодрат Лајпциг и ќе присуствуваат на историја.

Вечер и да врне во Мадрид, публиката и фудбалерите ќе останат суви, а нема да се чувствува ниту ветер.

- Оглас -

Најнови вести