Копенхаген го победи Каират со 3-2, а Пафос и Монако ремизираа 2-2 првите два меча во Лигата на шампионите вечерва.
Бразилецот Давид Луиз со 38 години и 218 дена стана втор најстар стрелец во историјата на ЛШ. Тој првиот гол во ЛШ го даде пред 14 години и 74 дена, подолг период од првиот до последниот гол од неевропските играчи имал само Лионел Меси.
Кипарскиот тим во 88-ма се спаси од пораз.
Денис Сатпаев стана прв фудбалер од Казахстан кој постигнал гол во елитното европско натпреварување. За Копенхаген ова беше прва победа сезонава.
David Luiz
Champions League | 🇪🇺 Pafos 1-1 Monacopic.twitter.com/7lwppTv9ZC
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 26, 2025

