Екипата на Пејс де Касел вечерва во Ленс ќе го игра најголемиот натпревар во клупската историја. Во рамките на четвртото коло на Купот на Франција ќе го пречека гигантот ПСЖ.
Аматерскиот тим кој успеа на направи подвиг со пласманот во четвртото коло на Купот на Франција, вечерва ќе играат пред 34.000 навивачи на стадионот „Болар-Делели“ во Ленс.
Пејс де Касел настапува во шестата лига, за првиот тим играат волонтери, а е проценет на 400.000 евра, што е за 2.250 пати помалку во однос на вредноста на ПСЖ.
Интересено е што капитенот на аматерите, Алексис Змијак, е член на навивачката група на ПСЖ и вети дека ќе биде внимателен во дуелите со Килијан Мбапе.