Вечерва е најважната церемонија во светот на спортот, Ѓоковиќ нема да го брани тронот

Втор пат по ред, Мадрид ќе биде домаќин на престижното доделување на Лауреус наградите или популарно наречен „Спортски оскар“. Во спектакуларната Палата Сибељес ќе бидат собрани најдобрите спортисти во светот за изминатата година.

Водител на настанот ќе биде легендарната американска скијачка Линдзи Вон, а потврда дека ќе биде во Мадрид стигна и од Новак Ѓоковиќ кој е лански освојувач на најпрестижното признание за спортист на годината во светот.

Српскиот тенисер оваа година нема да го брани тронот затоа што не е меѓу номинираните за најдобар, но повторно има еден спортист од Балканот меѓу најдобрите. Тоа е велосипедистот Тадеј Погачар од Словенија, кој ќе се бори за најпрестижната награда заедно со Карлос Алкарас (тенис), Мондо Дуплантис (атлетика), Леон Маршан (пливање) и Макс Верстапен (Формула 1).

Интересно е дека во тим на годината, шпанија има дури три преставници. Реал Мадрид кој доминираше и ја освои 15-тата европска титула, а беше и шампион во домашното првенство, потоа репрезентацијата на Шпанија која го освои Европското првенство, како и женскиот тим на Барселона кој доминира на сцената.

Во категоријата за „Откритие на сезоната“ главни фаворити се фудбалерот Ламин Јамал од Барселона, како и тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laureus (@laureussport)

 

- Оглас -

Најнови вести