Вечерва е НБА драфтот: Орландо трипати бирал прв, а тие први пикови станаа суперѕвезди

Орландо меџик ќе ја има честа вечерва во Њујорк прв да избира кошаркар на НБА драфтот, а историјата покажува дека кога Магичните бирале први, секогаш погодувале и од тие играчи направиле суперѕвезди.

Во 1992 година Орландо го избра Шекил О‘Нил, еден од најдоминантните центри во историјата, следната 1993 го избра Крис Вебер, но го испрати во Голден стејт во замена за третиот пик Енферни Хардавеј, а во 2004 година како прв го избраа Двајт Хауард.

Годинава главен фаворит за прв пик е Џабари Смит од Универзитетот Обурн, а можно е клубот од Флорида да го земе и Паоло Банкеро од Дјук. Сепак, Смит е името кое најчесто се спомнува како прв пик на драфатот 2022.

- Оглас -

Најнови вести