Балонот со олимпискиот оган денеска ќе остане приземјен во близина на музејот Лувр поради предупредување за невреме со грмотевици, соопштија организаторите на Летните олимписки игри во француската престолнина Париз.
Балонот кој го носи олимпискиот оган, предвидено е да се издига во воздухот секоја вечер, од зајдисонце до 2 часот наутро.
Но, францускиот институт за метеорологија издаде портокалова шифра за грмотевици над Париз, па балонот вечерва нема да биде во воздух и да го осветлува градот на светлината, туку ќе остане на земја.