Вечерва игра третиот најдобар тим во НБА и не е фаворит за триумф

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат шест натпревари во НБА-лигата и имаат од 155 до 173 комбинации. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Дербито на вечерта ќе се игра во „Рокет Мортгејџ Филдхаус арената“ во Кливленд, каде Кавалирс го пречекуваат Бостон селтикс. Изненадувачки, Кливленд кој е четврти тим ви Источната конференција со скор 40-26, е фаворит против второпласираниот тим на Истокот и тим со трет најдобар (45-20) скор во целата лига Бостон.

Згора на тоа, неизвесен е настапот на најдобриот играч на Кливленд, Донован Мичел, кој има повреда на дланката. Двата порази во низа со кои го загуби првото место на Истокот, го прават Бостон аутсајдер на овој натпревар.

На Истокот се играат уште два интересни натпревари, Индијана ја пречекува Филаделфија која ја има фаворитската улога, како и дуелот меѓу Мајами и Атланта. Тука Жешките се фаворити во два два да дојдат до втората победа над Атланта.

Фаворит е и најдобриот тим во целата лига, Денвер нагетс кој пред своите гледачи игра против Торонто репторс. Освен победата, фановите на Денвер очекуваат првата ѕвезда Никола Јокиќ , да дојде до 26-тиот трипл-дабл сезонава.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 41 кошаркар се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести