Вечерва играат и Интер и Јувентус, но не во Лигата на шампионите

Интер има шанси вечерва да стигне до двоцифрена предност пред сите конкуренти во трката за титулата во Италија. Нераѕурите на свој терен играат против Сасуоло во заостанат меч од Серија А, а со евентуален триумф, тимот на Антонио Конте ќе стигне до 71 бод и ќе има дури 11 повеќе од вториот Милан, и тоа само на девет кола до крајот.

Освен мечот на „Џузепе Меаца“, интересно ќе биде и во Торино, каде што ќе се игра дерби-дуел меѓу Јувентус и Наполи. Ако до неодамна овие две екипи беа во трка за титулата, сега битката ќе биде за место кое води излез во Лигата на шампионите за следната сезона. И Јувентус и Наполи имаат по 56 бодови, но актуелниот првак е на четвртото место поради подобрата гол-разлика.

Двата заостанати меча од Серија А ќе се играат во 18:45 часот и едноставно ќе бидат како загревање за вистинското вечерно шоу во Лигата на шампионите, кога на програмата се дуелите: Баерн Минхен – Пари Сен Жермен и Порто – Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести