Вечерва има реприза на големото НБА финале и шанса за Бостон да се одмазди за поразот

Вечерва на НБА терените ќе се одиграат осум натпревари, а првиот дуел се игра нешто пред полноќ. НБА програмата ја отвораат Мајами хит и Сан Антонио спарс во меч во кој Жешките се големи фаворити.

Минатата вечер Мајами со триумфот над ЛА Клиперс ја прекина серијата од три порази по ред и ќе се обидат да влезат во победнички ритам. Противникот за такво нешто им е идеален, последнопласираниот тим во Западната конференција со само седум победи во 25 натпревари.

Дербито на вечерта ќе се игра во Оукленд и ќе претставува реприза од големото финале од мината сезона, Голден стејт вориорс го пречекува Бостон селтикс. Шампионот не игра според очекувањата на навивачите и експертите и со моментниот скор од 13 победи и 13 порази, е надвор од позициите во Западната конференција кои носат пласман во плеј-офот.

Згора на тоа загубија на последните два натпревари против Индијана и Јута, а тренерот Стив Кер има проблеми и со повредите, бидејќи Ендрју Вигинс и Андре Игудала сигурно нема да играат вечерва.

Од друга страна, кошаркарите на Бостон играат одлично и се лидери на Истокот со скор 21-5 и се желни за одмазда за поразот во големото финале. Џејсон Тејтум е неверојатен сезонава, постигнува просечно по 30.5 поени по натпревар и е четврти стрелец во НБА и ќе претставува најголема опасност за Воините.

Интересно ќе биде и во Денвер каде нагетс играат против Јута против која често играат во плеј-офот во последните години. Се очекува Јокиќ сега да има малку полесна задача бидејќи во Јута повеќе не е Руди Гобер кој се пресели во Минесота, како и Донован Мичел кој потпиша за Кливленд.
Чикаго ќе игра против Далас во натпревар на кој се очекува дуел меѓу Лука Дончиќ и Демар Дерозан.

Бруклин врза две победи по ред и ќе ја има фаворитската улога против Индијана.
Натпревар со голем број на поени се очекува да биде тој меѓу Портланд и Минесота бидејќи на последните три дуели на една од овие две екипи, најмалку биле постигнати 116 поени.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. За играта „плус-минус“ поени во понударта на Sport Life има 19 кошаркари.

 

- Оглас -

Најнови вести