Вечерва ќе грми во Лондон, ќе се води битка за светската титула во пикадо

Британецот Лук Литлер и Холанѓанецот Мајкл ван Гервен вечерва од 20.45 часот го играат финалето на Светското првенство во пикадо, кое традиционално се одржува во „Александра Палас“ во Лондон.

Литлер, кој има 17 години, може да испише историја како најмлад светски првак, а според квотите во Sport Life, тој е фаворит. Литлер и лани беше финалист на СП, но тогаш загуби, сега има втора шанса.

За Ван Гервен ова ќе биде седмо финале во кариерата, а ќе се бори за четврта светска круна по оние во 2014, 2017 и 2019 година.

Литлер и Ван Гервен досега меѓу себе играле 12 пати, а резултатот е 6-6. Забавата е загарантирана, ќе грми на трибините, а победникот ќе освои и парична награда од 600.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести