Јувентус покажа дека и речиси по четиримесечна пауза, не го изгубил ритамот, па без проблеми победи на гости кај Болоња. Со тој триумф, Старата дама избега на четири бода пред најголемиот конкурент за титулата, Лацио.
Римскиот тим вечерва ќе го има првиот посткорона испит, и тоа на гости кај Аталанта во Бергамо. Ова е дуел на двете најпријатни изненадувања сезонава во Серија А. Пред почетокот на првенството ретко кој ќе го вметнеше Лацио во сериозен кандидат за тронот, а Аталанта дека може да го задржи ритамот од лани.
Офанзивната игра и головите се главното оружје на двата тима. Аталанта е убедливо најефикасен тим со 74 погодоци во 26 натпревари (просек од 2,85 по меч). И Лацио не заостанува многу. Римјаните го имаат вториот најефикасен напад со 60 погодоци, односно 2,3 по меч.
И првиот меч кој сезонава го одиграа овие две екипи беше вистинско шоу. Аталанта водеше со 3:0 на полувреме, а Лацио во вториот дел успеа да стигне до 3:3. Ако се гледа ефикасноста на двата тима, едноставно тука нема дилема дека дека може да има голеада.
Според понудата на Sport Life, коефициентот за 4+ е 2.45, дека може да се повтори есенскиот натпревар со шест погодоци коефициентот е 8.25, додека за 7+ коефициентот е одличен и изнесува 18, што значи дека вреди да се проба на опција дека ќе има голеада на стадионот во Бергамо.