Денеска е празник на фудбалот во Аргентина, се игра Суперкласико, големото градско дерби во Буенос Аирес помеѓу Бока јуниорс и Ривер плејт. За Аргентинците, ова е повеќе од обичен фудбалски меч, и најголемо дерби на светот, иако со тоа не би се сложиле Шпанците и Шкотите кои ги имаат Ел Класико (Реал-Барса) односно Олд Фирм (Селтик-Ренџерс).
Ривер пред многу години кога трошеше огромна сума пари среде финансиска депресија, доби прекар Милионери, но фановите на Бока ги нарекуваат Галјинас, што значи пилиња, и се однесува на кукавичлук. На славната „Ла Бомбонера“ каде Бока игра како домаќин, тешко дека ќе видите црвена боја која ги асоцира на ривалот.
Од друга страна, за фановите на Ривер, навивачите на Бока се Чанчитос, што во сленг значи валкани или сиромашни, а се случува и прасе да облечат во дрес на Бока.
Трансфер од едниот во другиот клуб е тешко замислив. Такво искуство во 1985 година имаше Оскар Руџери, кој вели: „Едните отворено ве мразат, другите никогаш нема да ви веруваат“.
Во моментов, двата тима се борат за титула. Ривер е благ фаворит според квотите во Sport Life, но тие на „Бомбонера“ не победиле од 2018 наваму.