Вечерва во арените во САД ќе се одиграат четири натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 161 комбинација. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
НБА-вечерта ќе биде отворена во дуелот од Источната конференција меѓу Филаделфија сиксерс и Торонто репторс. Ова ќе биде прв натпревар за Филаделфија откако Џејмс Харден беше разменет во ЛА клиперс и ја има фаворитската улога (1.36). Но, Торонто во последниот меч славеше над еден од главните фаворити за титулата, Милвоки бакс.
Возбудливо се очекува да биде во „Футпринт центар“, каде што Феникс санс повторно ќе игра против Сан Антонио спарс. Во првиот дуел кој се играше пред два дена, Сан Антонио направи пресврт во последните секунди и славеше со 114:115, но овојпат за очекување е Сонцата да не ја повторат грешката од тој меч и предводени од Кевин Дурант да слават вечерва.
Во понудата на кошаркари за играта „плус-минус“ поени се наоѓаат 29-мина играчи, па може да се искомбинира со останатите игри од НБА-понудата на Sport life и да се состави тикет за добра добивка.