Вечерва во салите ширум САД ќе се одиграат само четири натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, но навивачите ќе можат да уживаат во две дерби пресметки како и во мајсториите на Дончиќ, Јокиќ, Тејтум, Морант…
Дерби натпреварот ќе се игра во „Американ Ерлајнс центарот“ каде Далас маверикс го пречекува најдобриот тим на Истокот, Бостон селтикс.
Кошаркарите на Далас се наоѓаат во фантастична форма, имаат серија од седум победи по ред и се искачија на четвртото место на табелата во Западната конференција со скор 22-16. Бостон пак, е лидер на Истокот со 26 победи и 12 порази, но доживеа два порази по ред на турнејата по Западот од Денвер и Оклахома сити.
Исто така, ова ќе претставува и пресметка на првиот и петтиот стрелец во НБА лигата, Лука Дончиќ и Џејсон Тејтум. Дончиќ игра фантастично сезоната и со 34.3 поени по натпревар е најдобар стрелец, додека Тејтум просечно постигнува по 30.8 поени по натпревар.
Не помалку возбудувања се очекува да има и во Колорадо каде Денвер игра против Клиперси. Мемфис и Јута се фаворити на гостувањата кај Орландо, односно Хјустон.
Во понудата на Sport Life се наоѓаат и 20 кошаркари на кои може да се одигра „плус-минус“ поени.
Фаворити за да ја надминат предвидената граница се Дончиќ, Тејтум, Спенсер Динвиди, Кентавиус Колдвел-Поуп, Џамал Мареј…
Додека на НБА паркетите нема премногу возбудувања, затоа ноќта ќе биде полна со хокеарски возбудувања од најсилната лига, НХЛ, и ќе се одиграат дури 10 натпревари.