Вечерва се играат само два НБА-меча, но со имиња како Јанис, Лилард, Зајон, Тејтум, Браун меѓу стрелците може да се состави тикет со добра добивка (Фото)

Вечерва се играат само два НБА-меча, но со имиња како Јанис, Лилард, Тејтум, Браун меѓу стрелците може да се состави тикет со добра добивка. (Фото)

Вечерашната програма во НБА-лигата е скромна само со два меча и со 18-мина кошаркари, но и тоа е доволно материјал да се состави добар тикет во Sport Life.

Во првиот меч кој ќе започне 30 минути по полноќ, ќе играат Атланта хоукс и Бостон селтикс. Ова е дуел на две екипи од Источната конференција кои пред два дена играа меѓу себе и резултатот беше изненадувачки, триумфираа Јастребите со 120:118.

Бостон, кој го има најдобриот скор во лигата (57-15), ја прекина серијата од девет победи по ред, додека Атланта која сè уште игра без својот најдобар играч Тре Јанг, дојде до третиут триумф во низа и го држи десеттото место на Истокот со 33 победи и 39 порази.

Вечерва фаворитската улога повторно ја има Бостон, кој би требало да се реваншира за поразот и квотата изнесува само 1.06.

Вториот меч би требало да биде многу повозбудлив бидејќи ќе се сретнат Њу Орлеанс пеликанс и Милвоки бакс. Њу Орлеанс се бори за што подобра позиција пред стартот на плејофот, моментно е петти на Западот (44-28), додека Милвоки бакс најверојатно ќе заврши како втор на Истокот (46-26) бидејќи има две победи повеќе од Њујорк на десет меча до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Првиот меѓусебен дуел заврши со триумф на Милвоки со 141:117, а вечерва во центарот на вниманието би требало да биде дуелот меѓу Зајон Вилијамсон и Јанис Адетокумбо. Квотите мала предност му даваат на Милвоки (1.95).

За да се состави одличен тикет, треба да помогнат и 18-мината кошаркари кои се дел во понудата за играта „плус-минус“ поени, а тука се имиња како Јанис Адетокумбо, Дамиен Лилард, Зајон Вилијамсон, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Богдан Богдановиќ…

Можеби добра комбинација е да се одигра две единици на двата натпревари и да се додадат Марканен, Кларксон и Меколум на плус поени, за петка што може да биде добитна во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести