Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат осум натпревари, за кои Sport Life подготви одлична понуда за обложување. За секој меч има по 161 комбинација за играње.
Според квотите, дури на седум меча фаворити се домаќините, единствено Милвоки бакс во дуелот со Мајами ќе влезе со фаворитска улога.
Најдобриот тим во Источната конференција, Бостон селтикс (13-4) е апсолутен фаворит против Чикаго булс (5-13) кој пак се наоѓа во серија од четири порази во низа. Њујорк треба да победи против Шарлот хорнетс, а квотите ги фаворизираат и Кливленд против Атланта, Минесота против Оклахома сити, Далас против Хјустон, Бруклин против Торонто, како и Сакраменто против сезонава очајните Воини.
Во понудата на Sport Life има и 59-мина кошаркари кои ќе бидат дел од понудата за „плус-минус“ поени. Највисока е понудата за Јанис Адетокумбо, Шеј Гилџес-Александер и Лука Дончиќ и изнесува 30,5, а предвидената граница се очекува да ја надминат играчи како Ендрју Вигинс, Ар Џеј Барет, Дежонте Мареј, Спенсер Динвиди, Денис Шрудер, Зек Лавин.