Турското фудбалско првенство од вечерва ќе биде повторно активно. По речиси три месеци пауза, повторно ќе започнат мечевите од шампионатот каде секогаш било интересно и неизвесно. Така треба да биде и оваа сезона, затоа што по 26 одиграни меча, Трабзонспор и Басакшехир имаат по 53 бодови и се на делба на врвот, додека Галатасарај е третопласирана со 50 бодови. Со реални шанси за титулата е и Сиваспор која е четвртопласирана со 49 бодови.
Од 20 часот започнуваат два меча. Фенербахче го пречекува Кајзериспор, Гозтепе игра против лидерот Трабзонспор. Според актуелната ситуација, Фенербахче и Трабзонспор се фаворити за освојување на трите бода, но турското првенство досега многу пати покажало дека се можни и големи изненадувања.
Во следните три дена ќе се одиграат и останатите мечеви од 27. коло, а сите ги имате на понудата на Sport Life.