Вечерва стартува најсилната Втора лига во светот која е една од омилените кај обложувачите!

Англискиот фудбал според атрактивноста и заработката е на врвот на светско ниво, а освен Премиер лигата, тука е и Чемпионшип првенството, кое го има приматот на најдобра Втора лига во светот.

Според парите кои се „вртат“ во Чемпионшип, таа лига станува многу помоќна од многу други Први лиги во европските земји. Едноставно, историјата, традицијата, маркетингот, финансиите ја прават Чемпионшип една од најатрактивните лиги во Европа дури и кај обложувачите.

Вредноста на фудбалерите кои настапуваат во Чемпионшип е околу два милијарди евра, што само покажува за каков квалитет се работи. Во новата сезона, во Чемпионшип ќе играат и ѕвезди како што се Џејми Варди со Лестер и Џејмс Ворд-Праус со Саутхемптон.

Токму Саутхемптон ќе биде дел од првиот меч во новата сезона на Чемпионшип. Екипата која испадна од Премиер лигата, вечерва ќе гостува кај Шефилд вејсдеј на легендарниот стадион „Хилсборо“.

Според проценките, прв фаворит за пласман во Премиер лигата ќе биде Лестер како и Лидс, двата клуба кои заедно со Саутхемптон пред неколку месеци испаднаа од англиската елита. Меѓу фаворитите за место во Премиер лигата се споменнува и Норич.

- Оглас -

Најнови вести