Вечерва во Берлин е изедначен бундеслигашки рекорд на Николче Новески и Калц

Ајнтрахт славеше со 3-1 на гостувањето кај Херта во Берлин, на отворањето на второто коло во германската Бундеслига. Ако се земат во предвид резултатите од првото коло (Херта убедлива на гости против Вердер, а Ајнтрахт одигра реми дома со Арминија), ова е изненадувачки исход, екипите на стартот на сезонава покажуваат големи осцилации.

Гол-серијата ја отвори Андре Силва од пенал во 30-та минута. Потоа гостите дадоа уште два гола и немаше дилеми дека ќе ги освојат трите бода. За Португалецот Силва ова е прв гол во новата сезона, но од мај наваму, откако во Германија продолжи да се игра фудбал по корона-паузата, тој е прв стрелец во Бундеслигата заедно со Роберт Левандовски од Баерн. Двајцата имаат по 10 гола во овој период, а зад нив е Андреј Крамариќ со 8.

Во финишот домашните само го ублажија поразот. Тој гол всушност беше автогол на Мартин Хинтерегер од Ајнтрахт. За Хинтерегер ова е шести автогол во бундеслигашката кариера, со што го изедначи неславниот рекорд кој до вечерва го држеа нашиот Николче Новески и германската легенда Манфред Калц.

- Оглас -

Најнови вести