Вечерва во Мадрид пристигнува новиот „крал“?

Реал Мадрид се очекува вечерва да го промовира најзвучното засилување на тимот во последните неколку години. Еден Азар треба да биде официјализиран како нов играч на Кралскиот клуб. Според најавите, белгискиот репрезентативец ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ откако Челзи се согласил и прифатил 100 милиони евра за трансфер.

Речиси сите очекуваат Азар да го облече дресот на најтрофејниот шпански клуб и да започне создавањето на новиот тим на Галактичарите. Самиот Азар најави дека му е потребна промена и нов предизвик. По освојување на трофејот во Лигата на Европа, Азар изјави дека тоа е најубавиот начин да се збогува од дресот на Челзи. Останува само да видиме дали вечерва е моментот кога Азар ќе го открие неговиот нов предизвик.

Во Реал веќе нови играчи се Едер Милитао и Лука Јовиќ, а се очекува како приоритет да биде доведување на Пол Погба или Килјан Мбапе.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1136261784241954817

- Оглас -

Најнови вести