Вечерва во НБА нема да се игра кошарка од политички причини

Не е ниту Денот на благодарноста, ниту се игра финале во универзитетската НЦАА лига, не е ниту предвечерие на католички Божик, а во НБА-лигата вечерва нема да се играат натпревари.

НБА исто како лани, и сезонава одлучи 7 ноември да биде слободен ден во лигата и да нема мечеви, а причина се локални избори во САД. Многу од салите во коишто се игра НБА-кошарка вечерва ќе бидат гласачки места. Во НБА сакаат да дадат придонес за поголема излезност и да се прикаже дека се грижат за општеството. Следната година во ноември во САД има и претседателски избори, па веројатно ниту на тој ден нема да се игра кошарка во најсилната лига на светот.

Љубителите на кошарката ќе мора да почекаат до утре, а утревечер има дури 14 натпревари, од кои најинтересен ќе биде дуелот меѓу Денвер нагетс и Голден стејт вориорс.

- Оглас -

Најнови вести