Навивачите на македонската репрезентација секаде се гости какви што се посакуваат, така е и во Рим каде вечерва играат фудбалските селекции на Италија и Македонија, а Фалангата се загрева за навивањето на трибините.
Некои од најредовните фанови кои секаде се присутни каде што игра Македонија, се наоѓаат и во Вечниот град и ќе им дадат поддршка на фудбалерите.
Добро познатите македонски навивачки песни од синоќа ечат по локали во Рим, а попладнево ќе има собир во близина на „Олимпико“, по што македонските фанови заедно ќе се упатат кон стадион.
Погледнете во какво расположение се гласните македонски навивачи: