Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, вечерва стана најстариот фудбалер кој настапил за Реал Мадрид. Лука има 39 години и 40 дена, надминувајќи го легендарниот Ференц Пушкаш кој пред 58 години го одигра својот последен меч за Реал кога имаше 39 години и 36 дена.
Модриќ до рекордот дојде вечерва на гостувањето кај Селта, влезе од клупата за резерви и само три минути подоцна имаше феноменална асистенција за победничкиот гол на Винисиус.
Модриќ вечерва стана и втор странец по бројот на одиграни натпревари за Кралскиот клуб. Тој во дресот на Реал има одиграно 547 мечеви, и го надмина Марсело кој имаше 546. Прв на листата е Карим Бензема со 648.