20.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Вечниот Мирко Алиловиќ постави рекорд во ракометната ЛШ кој тешко ќе биде урнат

Хрватскиот ракометен голман Мирко Алиловиќ влезе во историјата на Лигата на шампионите станувајќи играч со најмногу одиграни сезони во елитното ракометно натпреварување.

Алиловиќ, кој за три дена ќе наполни 40 години, е член на полскиот Висла Плок. Тој ја започна својата кариера во Извиѓач, а потоа играше за Адемар Леон, Целје, Веспрем и Сегед, а вчера влезе во својата 23-та сезона во ЛШ.

Никој пред него не успеал да постигне таква долговечност на највисоко европско ниво. Легендата на францускиот ракомет, Никола Карабатиќ, играше 22 сезони во ЛШ, а сега Алиловиќ е единствен со 23.

 

- Оглас -

Најнови вести