„Вечниот“ Миура ја започна 40-тата сезона како професионален фудбалер

Јапонската фудбалска легенда Казујоши Миура (58) ја започна својата 40-та професионална сезона и не дава знаци дека планира пензионирање.

„Кралот Казу“, кој наполни 58 години во февруари, влезе како резерва во победата на Атлетико Сузука од 2-1 над Јокохама во четвртата дивизија на Јапонија.

Миура кариерата ја започна во 1986 година во бразилскиот клуб Сантос, смени многу клубови, играше и за Динамо Загреб, за Џенова во Серија А, сега е во Атлетико Сузука.

„Се надевам дека повторно ќе играм и ќе го покажам мојот карактер. Можев повторно да играм благодарение на поддршката од сите“, изјави Миура по неговиот прв натпревар по паузата од неколку месеци која ја имаше поради повреда.

Миура се смета за прва вистинска јапонска фудбалска ѕвезда, на 89 настапи за националниот тим постигна 55 гола.

„Кога имав 35 или 40 години, почнав да си велам: „Не можам повеќе да играм вака“. Сепак, наместо да размислувам за откажување, повеќе се работеше за тоа да се натерам себеси да дадам повеќе. Зборот „пензионирање“ не е во мојот речник, никогаш не почувствував желба да го сторам тоа“, изјави тој во април.

Миура е најстариот познат фудбалер на сите времиња, но уште е „мало дете“ за Египќанцот Езелдин Бахадер, кој го држи светскиот рекорд откако на возраст од 74 години одигра професионален фудбалски меч.

 

- Оглас -

Најнови вести