Вечните Џиџи и Џорџо: Буфон и Кјелини остануваат до јуни 2021 година

Јувентус официјално ги продолжи договорите со капитенот Џорџо Кјелини и голманот Џанлуиџи Буфон до јуни 2021 година. Искусните играчи ја потврдија лојалноста кон Старата дама, па и во следната сезона ќе ги бранат боите на најтрофејниот италијански клуб.

Кјелини ќе игра во својата 36-та година и ќе запише 16 сезони како играч на Јувентус, додека пак ветеранот Буфон на 43 години ќе дочека две децении меѓу диреците на Старата дама откако во Торино пристигна во 2001 година од Парма, а имаше кратка авантура во ПСЖ минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести