Кулминацијата на ракометната сезона во Купот е викендов во Охрид. Салата „Билјанини извори“ ќе биде местото каде денеска ќе се сретнат четирите најдобри екипи и ќе се борат за место во финалето. Утре ќе биде познат и освојувачот на Купот.
Први на сцената ќе се појават Вардар и Алкалоид. Ова ќе биде пресметка меѓу најтрофејниот во Купот Вардар кој има 16 трофеи и Алкалоид кој е актуелен освојувач во ова натпреварување. Според квотите, Вардар ја има улогата на фаворит, но кога на спротивната страна се младите и разиграни ракометари на Алкалоид, ништо не може превреме да се предвиди.
Во второто полуфинале, домаќинот Охрид ќе се обиде да го изненади Еурофарм Пелистер. Квалитетот и традицијата од претходните резултати е на страна на битолчани, но Охрид ќе има голема поддршка од своите навивачи. Во Купот е еден меч и тоа треба да биде дополнителен мотив за Охрид да се обиде да изненади.